Бразилскиот претседател Лула да Силва пуштен од болница по операцијата на главата
- Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска е пуштен од болница откако беше извршена операција на главата за да се запре крварењето на мозокот.
Сао Паоло, 15 декември 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска е пуштен од болница откако беше извршена операција на главата за да се запре крварењето на мозокот.
Лула се појави пред новинарите за да покаже дека е добро по операцијата.
Неговиот лекарски тим соопшти дека операцијата поминала добро и тој ќе може нормално да се движи и да одржува состаноци додека се одмара во неговиот дом во Сао Паоло.
Патувања во странство засега не доаѓаат предвид, но тој ќе може да отпатува во главниот град Бразилија, доколку биде под лекарски надзор.са/
Фото: ЕПА