• понеделник, 16 декември 2024

Невладината организација СОС Медитеран спаси речиси 130 мигранти во Медитеранот

Невладината организација СОС Медитеран спаси речиси 130 мигранти во Медитеранот

Марсеј, 15 декември 2024 (МИА) – Бродот Океански Викинг (Ocean Viking) кого го изнајмува невладината организација СОС Медитеран, вчера спаси 129 мигранти, меѓу кои 43 деца, во Јонското Море, меѓу јужна Италија и Грција, заедно со членовите на италијанската крајбрежна стража, соопшти организацијата.

- Спасените лица им кажаа на нашите тимови дека ја напуштиле Турција пред шест дена. Најмладиот преживеан е едномесечно бебе кое патува со својата мајка, соопшти СОС Медитеран, чие седиште е во Марсеј, југоисточна Франција.

Меѓу спасените има 43 жени.

Океан Викинг сега плови со 163 спасени луѓе до пристаништето Равена, во североисточна Италија, кое италијанските власти го одредиле како пристаниште за прием. Бродот веќе спаси 34 мигранти од Гамбија и Сирија во четвртокот.

Според последните податоци на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), од почетокот на оваа година 2.140 лица кои се обиделе да стигнат до Европа исчезнале или починале во Медитеранот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан