• понеделник, 16 декември 2024

Пратеникот на ОН за Сирија пристигна во Дамаск

Пратеникот на ОН за Сирија пристигна во Дамаск

Дамаск, 15 декември 2024 (МИА) – Пратеникот на ОН за Сирија, Геир Педерсен денеска пристигна во Дамаск, изјави неговата портпаролка, која не прецизираше каква ќе биде програмата на неговата посета.

Портпаролката, Џенифер Фентон не прецизираше дали тој ќе се сретне со Абу Мухамед ал Џолани, лидерот на вооружената коалиција предводена од исламистите која ја презеде власта во Сирија.

Во 11-дневната офанзива која почна од северозападниот град Идлиб, коалицијата на бунтовничките фракции предводена од радикалната сунитска група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) зазеде големи делови од земјата од владините сили, вклучително и главното упориште Дамаск и на 8 декември стави крај на 50-годишното владеење на семејството Асад.

Групата, предводена од Абу Мохамад ал Џолани, вели дека го запрела екстремизмот, но се уште е класифицирана како терористичка група од неколку западни земји, вклучително и САД.

Педерсен во последните денови повика на формирање „инклузивни“ преодни власти со цел да се избегне „нова граѓанска војна во Сирија“.

Тој вчера во Јордан, соседот на Сирија, учествуваше во разговори на кои присуствуваа американски, арапски, европски и турски дипломати. Тие се согласија дека процесот на транзиција треба да го водат самите Сиријци, и да дојдат до инклузивна и репрезентативна влада, се наведува во заедничката изјава. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан