• сабота, 17 август 2024

Објавен Конкурс за обука за негувателки за помош и нега на стари лица во Струга

Објавен Конкурс за обука за негувателки за помош и нега на стари лица во Струга

Струга, 17 август 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Струга распиша конкурс за обука за негуватели/ки за помош и нега на стари лица. На конкурсот, којшто е отворен до 26 август годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени жени, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувателки.

-Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да имаат наполнето 18 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да бидат мотивирани за вклученост во серверот за нега во домашни услови, при Општинската организација на Црвен крст - Струга по завршување на обуката, стои во конкурсот.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата struga@redcross.org.mk, на телефонскиот број 070 276-244 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, по што ќе бидат повикани на индивидуално интервју. сс/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан