• вторник, 26 ноември 2024

Во полиција пријавено дека воздушен балон со оган летал над демирхисарско

Во полиција пријавено дека воздушен балон со оган летал над демирхисарско

Скопје, 17 август 2024 (МИА) - Во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар вчера било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во демирхисарско село Вирово, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.

-Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.фф/дма/

Фотот: Фејсбук на Љубиша Стојановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан