• среда, 15 јануари 2025
МИА Флеш

   10 јануари 2025

 

Скопје – Во Собранието почна 29-тата седница, прва пленарна во оваа година, на која на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата – вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.

На седницата, која почна да ја води претседателот на Собранието Африм Гаши, пратениците треба да расправаат и за интерпелацијата што во Парламентот  ја поднесе пратеничката група на Левица против  Илире Даути - пратеничка на Алијанса за Албанците од коалицијата „Европски фронт“ и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади.

Пред да биде усвоен дневниот ред со петте точки, Гаши даде еден час пауза по процедуралното барање на пратеникот од Левица Борислав  Крмов за, како што рече, дополнителни консултации.

Скопје - СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите за неколку министри затоа што сметаме дека нема потреба од нови поделби по етничка основа, и во однос на интерпелациите, изјави денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Според него, причините за интерпелациите не смееле во ниту еден случај да бидат поврзани со етнички контекст, туку единствено со аргументи и факти околу работата на одреден министер или функционер.

Скопје - Почитувани пратенички, вие сте главните чинители на оваа кауза, и затоа ве охрабрувам да продолжите со вашата работа и посветеност, да продолжите да го кревате гласот и да се борите за себе, вашите ќерки и за општеството. Затоа што, како што вели една позната поговорка, „Секогаш кога жената се бори за себе, таа се бори и за сите други жени“.

Ова е главната порака од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во неговото обраќањен на денешната конститутивна седница на Клубот на пратенички.

Скопје – Пратеничката од Европскиот фронт, Рина Ајдари, денеска, пред почетокот на седницата во законодавниот дом, на која ќе се расправа по четирите интерпелации поднесени од пратеници од Европскиот фронт против работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, ги образложи причините за поднесување на интерпелациите.

Според Ајдари, Владата не успеала да обезбеди меѓуетнички соживот по случувањата поврзани со прославата на Денот на албанското знаме, за кои рече ја имаат разнишано стабилноста и меѓуетничката хармонија во земјава. 

Скопје - Интерпелација е демократско право на секоја опозиција во рамки на демократска држава. Лично ако ме прашате, сметам дека ова е само обичен дефокус на македонските граѓани од вистинската борба против криминалот и корупцијата, која што се спроведува и ќе продолжи да се спроведува со посилен интензитет, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој одговорајќи на новинарско прашање во врска со четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за него, за неговиот заменик , Астрит Исени, како и за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, потенцираше дека сака да ги слушне аргументите на опозицијата, а тој во неговото излагање ќе ги изнесе сите факти кои се на страна на вистината.

Желино - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска повторно го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби да се врати во земјава за да ја докаже својата невисност во однос на обвинувањата дека тој и поранешниот директор Перпарим Бајрами проневериле околу осум милиони евра од Државна лотарија.  

Тетово - Претседателот на Беса и тетовски градоначалник Биљал Касами на прашање за уставните измени денеска изјави дека владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции. 

-Ние како владина колиција работиме интензивно во партнерство со Брисел и со Вашингтон, да најдеме партнери во Софија, затоа што сепак во Софија треба да гледаме наш иден партнер, наш иден пријател. Се додека го немаме овој нов контекс мислам дека уставните измени се тешко изводиливи затоа што тие не се цел по себеси. Значи уставните измени се нели во служба на забрзување и завршување што побрзо на процесот на интегрирање на државата во ЕУ, изјави Касами.

Желино - Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

- Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски. 

Скопје - Намалена видливост поради појава на магла, од 20 до 30 метри, има од Тетово до село Гајре и од Кула до Катланово до 100 метри, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Охрид – По повод престојниот верски празник Богојавление – Водици денеска во Охрид беше одржан првиот координативен состанок, на кој во присуство на градоначалникот Кирил Пецаков беа разледани деталите околу чествувањето на празникот, што секоја година во градот привлекува голем број верници и посетители.

Согласно традицијата, Богојавленските празнувања и оваа година се поделени на два дела и тоа верски односно црковни чествувања, што се одвиваат под ингеренција на Дебарско-кичевската епархија при МПЦ, додека вториот е граѓанскиот дел што го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната празнична програма.

Скопје - Постојан тренд на зголемена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата покажуваат новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година објавени од Народната банка на Република Северна Македонија.

Скопје - Finance Think препорачува мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати случаи да се заменат со структурни мерки или мерки засновани врз пазарни принципи, и тоа: доследна и непристрастна примена на Законот за нефер трговски практики, зајакнување на капацитетот и алатките на Комисијата за заштита на конкуренцијата, ремонт на системот на земјоделски субвенции за поголемо домашно производство, и таргетирана буџетска поддршка на најранливите сегменти од населението.

Скопје - Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготвила и врачила 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.Како резултат на овие активности, соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници-вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир.

Брисел – Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7. 

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее. 

- Речиси три години од руската агресивна војна, Украина може да продолжи да смета на своите пријатели и партнери, додаде Фон дер Лајен.

Брисел – Европска Унија може постепено да ги намалува санкциите против Сирија во случај на „опиплив напредок“ од страна на новите власти, објави шефицата на европската дипломатија Каја Калас на Икс.

Таа потсети дека вчера во Рим учествувала на состанок со претставници од Германија, Франција, Италија, САД и од Велика Британија, чија цел била „координација на напорите за транзицијата во Сирија“.

 

Брисел – Лидерите на Европската Унија упатија честитки до Либан и до Џозеф Аун за неговиот избор за либански претседател. 

- Честитки до Либан за изборот на нов претседател. Тоа е важен чекор кон обновата на силна и суверена либанска држава. Тоа ја отвора можноста за подобра иднина за народот на Либан, наведе претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во објава на Икс. 

Според него, стабилноста и просперитетот на Либан се од клучно значење за регионот на Блискиот Исток и за Европа, па затоа мора да се зачува прекинот на огнот во конфликтот меѓу Израел и либанското движење Хезболах. 

Франкфурт - Во услови на економски пад во Германија, бројот на компании во земјата кои поднесоа барање за стечај се зголеми за 16,8 отсто во 2024 година во споредба со годината пред тоа, се вели во извештајот на Федералниот завод за статистика објавен денеска, јави ДПА.

Во последниот месец од годината, пријавите за несолвентност се зголемија за 13,8 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, соопшти агенцијата.

Мелбурн - Германскиот тенисер, Александар Зверев не ги криеше амбициите за титулата на Австралија опен, кој започнува в недела.

Светскиот рекет број два, Зверев има за цел да го освои својот прв Гренд слем трофеј откако ги загуби финалињата на УС Опен во 2020 година и Ролан Гарос лани.

Тој ќе се обиде да стане првиот Германец кој триумфирал на Мелбурн Парк по Борис Бекер во 1996 година.

Тагови

Остани поврзан