• недела, 23 февруари 2025
МИА Општински пул

15 јануари 2025

Охрид – Со низа здравствено-превентивни активности Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе биде дел црковно-световната манифестација со која се одбележуваат големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите.

На ден пред Водици в сабота на пункт на Црвениот крст поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Притоа се апелира до сите нив да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во толку студена вода.

За самиот ден Водици и скокањето по Чесниот крст на Градското пристаниште во Охрид в недела Црвен крстиот крст ќе се грижи за безбедноста на капачите и сите посетители на настанот со шест тимови спасители на вода распоредени долж пристаништето и во спасителни чамци во вода, два нуркачки тимови, како и со шест медицински тимови за укажување прва помош со амбулантско возило, помогнати со медицински тим на Службата за итна медицинска помош.

Дел од честувањето на Водици е и традиционалната крводарителска акција под мотото „Една капка може да промени се“, што ќе се реализира в недела од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Притоа се повикуваат граѓаните и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.

Скопје - Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска ќе има два прекини во водоводната мрежа во Општина Карпош. 

Поради промена на вентил од ф 2 на ул. „Никола Парапунов“ бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.

Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на ул. „Копенхагенска“ бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Копенхагенска“, „Бриселска“, „Гаврил Лесновски“, „Стокхолмска“, „Његошева“, „Петар Драганов“ и дел од „Софиска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности. 

Скопје - Поради дефект на приклучна водоводна цевка ф 5/4 на ул. „Жорж Бизе“ бр. 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Мите Богоевски“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот ќе биде од 10:15 до завршување на работите за санација на дефектот.

Од јавното претпријатие информираат и дека поради водоводен уличен дефект ф150мм на ул. „Шарпланина“ бр 95, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Ново Село и тоа во период од 10:30 до завршување на санацијата на дефектот. 

Тетово - По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.

Скопје - Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување, на своја територија.

Како што информираат од Општината, во таа насока, локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправката и/или санацијата на постоечкиот лифт, како и за поставување на нов лифт.

-Оттука, во постапката за поставување на нови лифтови, Заедницата на сопственици е должна да ја обезбеди целокупната потребна документација согласно позитивните законски прописи (проекти, одобренија и сл). Во случајов, Општината обезбедува парични средства за набавка на нов лифт, но не ги покрива и трошоците поврзани со градежните работи (отворање на окно за лифт, отстранување на градежниот отпад и слично). Право на учество на јавниот повик имаат сите оние коишто се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице - Управител (УСЗ), согласно Законот за домување, а субвенциите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден –прв услужен“, до исцрпување на финансиските средства за оваа намена, севели во соопштението од Општина Карпош.

Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Скопје - Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија.

За колективните станбени објекти (зградите), локалната самоуправа ќе субвенционира најмногу до 50 отсто, но не повеќе од 350.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санацијата на кровен покривач. За индивидуалните станбени објекти, односно за куќите, Општина Карпош ќе субвенционира најмногу до 60 отсто, но не повеќе од 120.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач.

Како што информира Општина Карпош, право на учество на Јавниот повик имаат сите оние кои се регистрирани како Заедници на сопственици (ЗС) или со заедницата да управува правно лице - Управител (УСЗ), согласно Законот за домување и сопственици на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош. Постапката за субвенционирање ќе се одвива во две фази од каде по комплетирање на документите од првата фаза, апликантот ќе добие писмено известување дека е потенцијален корисник на субвенцијата. Со самото тоа апликантот преминува во втората фаза што подразбира дека тој може да отпочне со замена на кровниот покривач.

Остани поврзан