3 јануари 2025
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет, изјави дека нема коментар и нема што да дополни на тоа што се случува, туку останува да видиме како тој ќе работи.
-Немам коментар. Пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Јас немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече Мицкоски, кој денеска присуствуваше во Радовиш, на пуштање во употреба на спортска сала „25 Мај“.
Скопје - Амер Капетановиќ денеска ја презеде својата должност како нов генерален секретар на Советот за регионална соработка (СРС), по назначувањето од страна на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на 12 јуни 2024 година во Скопје.
Амер Капетановиќ е истакнат дипломат со повеќе од две децении искуство во меѓународни односи и регионална соработка.
Скопје - Институција Судски совет ќе се води со интегритет, непристрасност и со максимални напори за заштита на судската независност на сите судии во нашата држава. Ова е куќа на судиите, ова е куќа за судиите, порача новоизбраниот претседател на Судскиот совет Александар Камбовски.
Секој судија којшто не работи според законите, Камбовски изрази уверување дека местото нема да му биде повеќе во судскиот систем, доека сите други судии коишто работат чесно ќе имаат максималната поддршка на Судскиот совет, вратите ќе им бидат отворени, телефонските линии 24 отворени и ќе можат да се обратат за заштита од „било каков притисок, било какво влијание“.
Битола - Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со компанијата ВЕРО, денеска во Битола продолжија со националната кампања „Поддршка за згрижувачките семејства“.
Згрижувачките семејства се директна и максимална поддршка на системот на социјална и детска заштита. Во земјава има над 360 згрижувачки семејства кои згрижуваат над 600 деца, истакна Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.
Скопје - Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА, во пресрет на Рождеството Христово - Божик, испрати Божикно послание до верниците.
Порачува сите ние како личности, како Црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот Дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова. Милостивиот Бог, преку Неговата љубов и Неговата благодат, истакнува г.г. Стефан, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усоврушување во радоста на Светиот Дух.
Скопје - Итната помош ќе работи нон - стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.
- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните празници на шести и седми јануари, ќе работи со следново работно време. Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од 07 до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.
Атина - Зимата 2023-2024 година била најтоплата, а летото 2024 година најжешкото во историјата на Грција, според метеоролошките податоци за минатата година на Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.
Највисоката температура, 44,5 степени Целзиусови, била измерена на 13 јуни 2024 година на островот Крит, додека најниската била -23,2 степени во карст на планина и -19,8 степени во Лерин во втората половина на јануари.
Тирана - Специјалниот апелациски суд против организиран криминал и корупција, го отфрли барањето на Специјалното обвинителство, за враќање на мерката „куќен притвор“ за лидерот на Демократската партија Сали Бериша и му одредени мерка задолжително јавување двапати месечно.
Како што стои во соопштението на судот, Бериша мора да се појави во првиот и третиот понеделник секој месец, во 10 часот, пред службеник на судската полиција, во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК).
Сараево - Во регионот на Западен Балкан пристигна најавената промена на времето, која донесе значителен пад на температурите и нови снежни врнежи. Во делови од Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија почна да врне дожд, а на места и снег, а надлежните служби издадоа предупредувања за обилни врнежи, ниски температури и силен ветер.
Во Босна и Херцеговина снег падна во регионот Краина, а во текот на денот се очекува снег во другите делови на земјата. Во БиХ се очекува да паднат од два до десет сантиметри снег, а на повисоките места и на планините од 15 до 25 сантиметри.
Подгорица - Црна Гора е на трето место во светот по бројот на парчиња оружје кое се наоѓа кај граѓаните, изјави потпретседателот на Независниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ.
Тој рече дека во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје. „Од друга страна, проценките се дека граѓаните нелегално поседуваат најмалку 40.000, или дури и повеќе од 100.000 парчиња оружје. Толку вооружување на граѓаните бара сериозна анализа и реакција од надлежните институции“, рече Вукиќевиќ.
Варшава - Полската заменик министерка за европски прашања Магдалена Собковјак-Царнецка денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан не бил поканет на церемонијата што се одржува во Варшава по повод полското претседателство со Советот на ЕУ, како и унгарскиот амбасадор во таа земја.
Како што истакна, полските власти ја донеле таа одлука откако Будимпешта му дала азил на поранешниот заменик министер за правда на Полска, Марсил Романовски, кој е под истрага за наводна злоупотреба на јавни средства.
Брисел - По серијата повреди на новогодишната ноќ, во Белгија се разговара за забрана за продажба на огномети на граѓаните, а единственото несогласување е дали националната забрана е доволна или треба да се прошири на европско ниво.
Фламанските градоначалници се за европско ембарго за продажба на огномет, а групите за заштита на животните сметаат дека прво е потребна национална забрана.
Берлин - Двајца полицајци се повредени по силна експлозија што се случи синоќа пред зградата на полицијата во северниот дел на Берлин, соопшти денеска берлинската полиција.
- Околу 20 часот и 20 минути во близина на нашата полициска станица 12 во Витенау се случи сериозен безбедносен инцидент во кој при рутинска безбедносна патрола беа повредени колегите, а еден од нив се здоби со тешки повреди, се вели во соопштението на полицијата.
Виена - Преговорите за новата австриска влада пропаднаа, јавуваат австриските медиуми.
НЕОС се повлече од преговорите. Либералната партија за утрово најави прес-конференција и соопшти дека се повлекува од коалициските преговори со Австриската народна партија (ОВП) и Социјалдемократската партија (СПО), јавуваат германските медиуми.
Киев – Едно лице загина денеска, а четири се повредени во напад на руски дронови врз областа на Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти.
- Едно лице загина, а четири се повредени во непријателски воздушен напад врз регионот на Киев, изјави Микола Калашник, вршител на должноста гувернер на регионот.
Брисел - Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во Втората светска војна.
Станува збор за базата на податоци со имињата на лица кои по Војната биле под истрага за соработка со германските окупатори и која од вчера првпат е достапна во јавноста. Од осомничените „квислинзи“ над 150.000 и биле осудени за соработка со окупаторот и им била изречена некаква казна.
Нук - Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека ќе продолжи да се залага за независност од Данска, поранешниот колонизатор на островот, и изрази желба да ја зајакне соработката со другите земји.
Во својот новогодишен говор, Егеде нагласи дека народот на Гренланд треба да одлучи за независноста, но не кажа кога би можело да се одржи гласањето.