• вторник, 20 август 2024

Литванија почна да гради на своја територија воена база за германски војници

Литванија почна да гради  на своја територија воена база за германски војници

Вилнус, 19 август 2024 (МИА) - Литванија почна да гради воена база што ќе може да прими до 4.000 германски војници кога ќе биде завршена до крајот на 2027 година . Тоа ќе биде прво постојано распоредување германски војници во странство по Втората светска војна.

Како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа по руската инвазија на Украина, Германија одлучи трајно да постави борбена бригада во Литванија, поодготвена за распоредување до 2027 година. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја спореди одлуката со испраќање на сојузничките сили во Западна Германија за време на Студената војна за одбрана на Западна Европа во случај на советски напад.

Во Литванија се очекува да бидат стационирани германски војници, од кои 80 отсто во новоизградената воена база во Руднинкаи, јави ДПА. Според Министерството за национална одбрана на Литванија, почетната фаза од изградбата ќе се фокусира на изградба на станбени и административни згради, како и магацини за воена опрема.

Договорот вреден 125 милиони евра е склучен со локална градежна компанија. зш/

Остани поврзан