• среда, 21 август 2024

Во Франција се отворени 232 места за вакцинација против мајмунски сипаници

Во Франција се отворени 232 места за вакцинација против мајмунски сипаници

Париз, 20 август 2024 (МИА) –  Во Франција се отворени 232 места за вакцинација, како дел од борбата против можна епидемија на мајмунски сипаници, изјави денеска премиерот во оставка Габриел Атал, кој вети 100.000 дози вакцини за најзагрозените земји.

„Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ризици“, објави Атал на платформата X.

Досега, во Франција не се регистрирани случаи на инфекција со мајмунски сипаници.зш/
фото ЕПА

Остани поврзан