• среда, 21 август 2024

Конаковиќ: Посетата на Бернс на БиХ е потврда дека САД се сериозни кон БиХ

Конаковиќ: Посетата на Бернс на БиХ е потврда дека САД се сериозни кон БиХ

Сараево, 20 август 2024 (МИА) – Министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Елмедин Конаковиќ, денеска во Сараево се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијм Бернс.

- Разговаравме за процесите во БиХ, за важноста на НАТО и европската интеграција, за она што не забрзува и забавува, истакна Конакови', додавајќи оти посетата на Бернс е уште една потврда дека американската администрација е сериозна кон БиХ.

Бернс од Сараево ќе отпатува во посета на Белград. За Конаковиќ тоа е индикатор дека САД на регионот на Западен Балкан гледаат како целина.

- Ајде да се свртиме кон економијата и иднината овој регион, а не кон постојана конкуренција и надвикување околу историски факти. Сигурно е дека американското присуство оди во таа насока – во насока на стабилизирање на односите во регионот и свртување кон она што е најважно за граѓаните, наведе Конаковиќ.

Барнс денеска ненадејно пристигна во посета на БиХ, при што имаше средби и со членовите на Претседателството на Бих и со директорот на Разузнавачко безбедносната агенција, Алмир Џув. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан