• петок, 23 август 2024

Полицијата упаднала во куќите на интернет звездата Ендрју Тејт во околината на Букурешт

Полицијата упаднала во куќите на интернет звездата Ендрју Тејт во околината на Букурешт

Букурешт, 21 август 2024 (МИА) - Романската полиција изврши рација во неколку куќи во областа Букурешт што им припаѓаат на британско-американската интернет ѕвезда Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан.

Акцијата била извршена рано утрината, потврдиле за романскиот портал news.ro од адвокатскиот тим на браќата. Тие се обвинети за трговија со луѓе и експлоатација на млади жени во Романија, каде го чекаат почетокот на судењето.

Главната канцеларија на Романија за истрага на организиран криминал и тероризам соопшти дека биле извршени претреси во четири имоти и дека претресите се поврзани со истраги за трговија со луѓе и перење пари.

Канцеларијата не ги соопшти имињата на осомничените, но најави дека се истражуваат потенцијални нови казнени дела.

Браќата Тејт и две соработнички во Романија се обвинети дека принудувале млади жени да учествуваат во снимање порно видеа. Служејќи се со манипулации ги направиле зависни од нив. Романските истражители идентификуваа седум жртви, а три од нив поднесоа обвиненија.

Ендрју Тејт стекна слава на социјалните мрежи каде што пропагира мизогински ставови, се фали со своето богатство и им проповеда на тинејџерите и младите мажи токсична верзија на тоа што значи да се биде маж.

Тој и неговиот брат првпат беа уапсени на 30 декември 2022 година во близина на Букурешт. Три месеци подоцна, им е одреден куќен притвор. Тие добија право на слобода со кауција во август 2023 година, но не им е дозволено да ја напуштат Романија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан