• понеделник, 16 декември 2024

Врховниот суд на Венецуела потврди дека Мадуро победи на претседателските избори

Врховниот суд на Венецуела потврди дека Мадуро победи на претседателските избори

Каракас, 22 август 2024 (МИА) – Врховниот суд на Венецуела денеска потврди дека Николас Мадуро победил на претседателските избори одржани во земјата на 28 јули, наведувајќи дека резултатите од гласањето објавени на Интернет, според кои Мадуро изгубил, се фалсификувани.

Врховниот суд ја донесе денешната одлука како одговор на барањето на Мадуро да се преиспита вкупниот број на гласови дадени на претседателските избори на 28 јули, откако опозицијата ги објави записите од гласањето на интернет од 80 отсто од избирачките места, кои покажаа дека опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес победил со големо мнозинство.

Гонзалес не учествуваше во ревизијата на гласањето, изјавија судиите на Врховниот суд, кои го обвинија опозицискиот кандидат дека се обидува да шири паника. јт/

Остани поврзан