• вторник, 24 декември 2024

Подигнато нивото на безбедност во базата на НАТО во Германија поради потенцијална закана

Подигнато нивото на безбедност во базата на НАТО во Германија поради потенцијална закана

Берлин, 23 август 2024 (МИА) - Военовоздухопловната база на НАТО во германскиот град Гајленкирхен го зголеми нивото на безбедност врз основа на разузнавачки информации кои откриваат потенцијална закана.

„Целиот основен персонал, освен оние кои учествуваат во мисија, е испратен дома како мерка на претпазливост“, се наведува во изјава на социјалната мрежа Икс. Во изјавата се додава дека безбедноста на персоналот е приоритет и дека операциите продолжуваат според планот.

Нивото на закана е подигнато на второ по сила од вкупно четири нивоа на тревога, што значи дека некоја форма на терористички напад врз организациите или персоналот на НАТО е многу веројатна.

Ова е вторпат базата, каде што е сместена воздухопловната флота на НАТО со извиднички авиони AWACS, да го зголеми нивото на безбедност по инцидентот минатата недела, кога воена база во близина на градот Келн беше привремено изолирана поради истрага за можна саботажа на водоснабдувањето. ссм/

фото: архива

Остани поврзан