• среда, 21 август 2024

Шест убиства во Албанија во изминатите 24 часа

Шест убиства во Албанија во изминатите 24 часа

Тирана, 20 август 2024 (МИА) - Шест убиства и  едно тешко повредено лице се регистрирани во последното деноноќие во Албанија.

Повеќето од инцидентите се случиле по банална расправија.

Адвокатот Роланд Ислами за телевизијата Oра њуз изјавил дека  „бројките покажуваат тензична состојба во државата, потребни се брзи мерки" 

- Потребна е поактивна улога на полицијата и органите на прогонот, законската регулатива која ја имаме треба да се почитува. Бројките на криминалот во земјава се зголемуваат и затоа мерките мора да бидат брзи, вели тој. вт/

Остани поврзан