Кошта го напушти Гремио
- Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Кошта го напушта бразилскиот клуб Гремио како слободен играч по истекот на неговиот договор.
Порто Алегре, 2 јануари 2025 (МИА) - Поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Кошта го напушта бразилскиот клуб Гремио како слободен играч по истекот на неговиот договор.
Во Гремио се пресели во февруари 2024 година, а во последната сезона од бразилскиот шампионат Бразилеирао БЕТАНО, 36-годишниот напаѓач одигра 14 натпревари, на кои постигна гол и 2 асистенции.
Гремио заврши на 14-то место, со што заработи квота за вториот најмоќен меѓународен турнир во Јужна Америка, Копа Судамерикана. дс
Фото: Принтскрин