• сабота, 22 февруари 2025

Писили останува во Рома до 2029

Писили останува во Рома до 2029


Рим, 21 февруари 2025 (МИА) – Играчот од средниот ред на Рома, Николо Писили ќе го продолжи договорот со италијанскиот прволигаш, објави денеска новинарот Николо Схира.
Според информациите, римскиот клуб сака да го продолжи договорот со 20-годишниот Италијанец до лето 2029 година.
Оваа сезона Писили одигра 31 натпревари и постигна три голови.
Писили синоќа на натпреварот против Порто влезе од клупата за резерви и го постигна третиот гол за својот тим во победата од 3-2 во реваншот од плејоф рундата во Лига Европа. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан