• сабота, 22 февруари 2025

Македонските фудбалерки поразени од Косово во Лигата на нации

Македонските фудбалерки поразени од Косово во Лигата на нации

 

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз стартуваше во новата сезона во Лигата на нации, откако попладнево во Скопје загуби од Косово со 4-0 (1-0).

Триумфот на косовската репрезентација во воведниот натпревар од Ц6 го донесоа двојниот стрелец Бичкај (6, 49), Фетај (65) и Метај (67).

Македонските фудбалерки пропушти неколку изгледни шанси за гол во првото полувреме, а во продолжението Косово доминираше на теренот на тренинг комплексот „Петар Милошевски“.

Во следното второ коло Македонија ќе игра против Летнија на 4 април во Скопје. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан