• сабота, 14 септември 2024

Вооружени напаѓачи убиле тројца граничари на југоистокот на Иран

Вооружени напаѓачи убиле тројца граничари на југоистокот на Иран

Техеран, 12 септември 2024 (МИА) - Вооружени лица денеска убиле тројца граничари и раниле уште едно лице во југоисточниот дел на Иран, објавија државните медиуми. 

Иранската агенција Ирна јави дека вооружени лица во автомобил отвориле оган врз возилото на граничарите во областа Мирјаве, во југоисточната провинција Систан и Белуџистан, во близина на границата со Пакистан, при што загинаа двајца војници и еден офицер. 

Во нападот  бил повреден и еден цивил.

ИРНА соопшти дека милитантната група Џаиш ал-Адл, за која се вели дека бара поголеми права за етничкото малцинство Балочи, ја презеде одговорноста за нападот.

Провинцијата, која граничи со Авганистан и Пакистан, често пати е сцена на инциденти во кои се вклучени милитантни групи, вооружени шверцери на дрога и ирански безбедносни сили.

Во декември минатата година милитантите убија десетина полицајци во напад на полициска станица.

Провинцијата Систан и Белучистан е еден од најсиромашните делови на Иран. Односите меѓу мнозинското сунитско муслиманско население во регионот и шиитската теократска влада на Иран долго време се затегнати.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан