• понеделник, 16 декември 2024

Воениот суд во ДР Конго осуди 37 луѓе на смрт

Воениот суд во ДР Конго осуди 37 луѓе на смрт

Киншаса, 13 септември 2024 (МИА) – Воениот суд на Демократска Република Конго денеска изрече смртни казни за 37 лица поради учество во обид за државен удар.

Помеѓу осудените има и тројца Американци, но и државјани на Велика Британија, на Белгија и на Канада.

Сите осудени имаат право на жалба на пресудата за тероризам, убиство и злосторничко здружување. На судењето што почна во јуни 14 лица се ослободени од обвиненијата.

Шест лица беа убиени за време на неуспешниот обид за државен удар во мај, предводен од малку познатиот опозиционер Кристијан Маланга. Тој беше застрелан додека се спротивставуваше на апсењето. За нападот осуден е неговиот 21-годишниот син Марсел Маланга, кој е американски државјанин, и уште двајца Американци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан