Врховниот суд на Бразил ги одблокира сметките на Старлинк и Икс
- Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш го укина замрзнувањето на банкарските сметки на сателитската интернет услуга Старлинк и социјалната мрежа Икс, откако нареди трансфер на 18,35 милиони реали (3,31 милиони долари) од нивните средства во државната каса
Бразилија, 13 септември 2024 (МИА) – Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш го укина замрзнувањето на банкарските сметки на сателитската интернет услуга Старлинк и социјалната мрежа Икс, откако нареди трансфер на 18,35 милиони реали (3,31 милиони долари) од нивните средства во државната каса.
Според денешното соопштение на судот, ограничувањата биле укинати затоа што сумата што била префрлена во бразилскиот буџет го достигнала износот на казните што ги должи Икс, што беа изречени во судски спор помеѓу милијардерот Илон Маск и Де Мораеш.
Маск ги контролира и Икс и Старлинк. ми/
фото: МИА архива