• вторник, 20 август 2024

Бајден почна програма која им овозможува на илегалните имигранти кои се венчале со Американци да добијат државјанство

Бајден почна програма која им овозможува на илегалните имигранти кои се венчале со Американци да добијат државјанство

Вашингтон, 19 август 2024 (МИА) – Американската влада почна програма која им овозможува на стотици илјади имигранти да добијат американско државјанство.

Ова е еден од најголемите чекори на демократскиот претседател Џо Бајден со цел да им се обезбеди правен статус на луѓето кои нелегално влегле во САД и живеат таму долги години. Програмата почнува неколку месеци пред изборите на 5 ноември. Републиканската партија главниот фокус во предизборната кампања го стави токму на илегалната имиграција.

Програмата Да ги зачуваме семејствата заедно, објавена уште во јуни, ќе биде достапна за околу 500.000 сопружници на државјани на САД кои живеат во САД најмалку 10 години до 17 јуни 2024 година, велат владините претставници. Околу 50.000 деца на возраст под 21 година, чии родители се државјани на САД, исто така ќе имаат право да аплицираат.

Шемата му дозволува на сопружникот на државјанин на САД да добие постојан престој, познат како зелен картон, без да ги напушти САД. По добивањето зелен картон, лицето може да поднесе барање за државјанство по три години. Претходните правила бараа тоа лице да ги напушти САД и да чека со години пред да му биде дозволено да се врати.

Бајден ја претстави програмата пред во јули да се повлече од изборната трка со републиканецот Доналд Трамп, кој има тврдокорни ставови за имиграцијата. јт/

Остани поврзан