• среда, 10 декември 2025

Засилен надзор во рамки на актуелната забрана за риболов на Охридското Езеро

Засилен надзор во рамки на актуелната забрана за риболов на Охридското Езеро

Охрид, 12 декември 2025 (МИА) - Државниот инспекторат за земјоделство, во соработка со Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, спроведе засилен надзор на ривиерите на Охридското Езеро со цел заштита на рибниот фонд за време на периодот на природен мрест.

Како што посочуваат од Инспекторатот, во текот на контролите на потегот од поранешната Детска болница до хотел „Метропол“, инспекциските служби откриле и одзеле вкупно девет нелегално поставени рибарски мрежи. Од нив беа извадени 343 единки охридска белвица и 36 единки клен, со вкупна тежина од 46.6 килограми.
Одземените мрежи и рибниот улов, согласно законските процедури, ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Од Инспекторатот потсетуваат дека во периодот на мрест од 1 декември до 28 февруари на сила е целосна забрана за лов на охридска белвица и охридска пастрмка поради што контролите ќе продолжат со несмален интензитет.

„Институциите и понатаму ќе преземаат координирани мерки за заштита и обновување на автохтониот рибен фонд во Охридското Езеро“, се наведува во соопштението од Државниот инспекторат за земјоделство. аб/паг/

Фото: Инспекторат за водостопанство

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан