• четврток, 11 декември 2025

ЈОУДГ „Павлина Велјанова“: Работиме согласно законот и остануваме отворени за институционална соработка

ЈОУДГ „Павлина Велјанова“: Работиме согласно законот и остануваме отворени за институционална соработка

Кочани, 10 декември 2025 (МИА) - Во врска со денешните информации од МВР за поднесена кривична пријава за ангажирање на лице без важечка лиценца на работно место неговател во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ од Кочани ја информираме јавноста и медиумите дека Детската градинка има склучено важечки договор врз основа на Јавен оглас за јавна набавка на услуги – Привремени вработувања преку Агенција за АПВ објавен на Електронски систем за јавни набавки за Ангажирање на агенција за привремени вработувања со датум од  04.03.2025 година, реагира Јавната установа од Кочани.

Ангажманот на лицата кои ги обезбедува агенцијата, како што велат, е целосно во надлежност и обврска на самата агенција, согласно законските прописи за проверка на квалификации, лиценци и исполнување на услови за работните места, стои во реакцијата после денешниот поднесок на МВР кој се однесува на в.д. директор на Установата.

-Детската градинка работи исклучиво согласно важечката законска регулатива и сите лица ангажирани преку Агенција за привремени вработувања се ангажираат во согласност со прописите што ја регулираат оваа област. ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ постапуваше по договор, по закон и во интерес на обебедување континуирана грижа за децата. Остануваме отворени за соработка со институциите и обвинителството за утврдување на сите факти и околности. Имаме целосна доверба дека институциите ќе ја утврдат фактичката состојба и дека ќе се потврди дека немало никаква намера за повреда на законот или злоупотреба“, се наведува во соопштението од градинката. ис/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан