Во тек системско решавање на проблемите со уличното осветлување на територијата на Општина Маврово и Ростуше
- По насока дадена од повереникот со надлежности на градоначалник, на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските служби водени од принципот услуга за сите без никаква селективност, започнаа со системско и темелно решавање на долгогодишните проблеми со уличното осветлување во сите населени места во општината, информираа од општинската пресс-служба.
Дебар, 10 декември 2025 (МИА) - По насока дадена од повереникот со надлежности на градоначалник, на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, општинските служби водени од принципот услуга за сите без никаква селективност, започнаа со системско и темелно решавање на долгогодишните проблеми со уличното осветлување во сите населени места во општината, информираа од општинската пресс-служба.
Како што велат, „досегашните парцијални интервенции сега се заменуваат со сеопфатен акционен план“.
Планот вклучува идентификација на дефектите, односно детална мапа на сите критични точки и неисправна мрежа, како и модернизација-поправка на старите и инсталација на нови, енергетски ефикасни светилки, каде што е потребно.

Оценуваат дека целта на овој систематски пристап е двојна, значително да се подобри безбедноста на граѓаните и пешаците, особено во вечерните часови, како и да се постигнат заштеди во општинскиот буџет преку ефикасно користење на енергијата.
-Ова е само првиот чекор во нашата заложба Општината да биде во служба на граѓаните и да испорача квалитетна комунална инфраструктура насекаде, нагласуваат од локалната самоуправа.
Отстранувањето на сите дефекти од мрежата за улично осветлување, како што велат, продолжува секојдневно, се до отстранување и на последната пречка за ефикасно функционирање на уличното осветлување. вт/вј/
Фото: Општина Маврово и Ростуше