Средба на градоначалникот Коњановски и британскиот амбасадор Лосон
- Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски попладнево во неговиот кабинет оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.
Битола, 10 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски попладнево во неговиот кабинет оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.
За време на првата официјална посета на Битола, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Лосон ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски го запознал амбасадорот со културно-историското минато на градот, економските можности и услови за взаемна соработка.мт/вј/
Фото: Општина Битола