• петок, 26 април 2024

Во Охрид двоедневна Национална конференција за културно наследство и туризам

Во Охрид двоедневна Национална конференција за културно наследство и туризам

Охрид, 17 април 2024 (МИА) – Во организација на Институтот за културно наследство и археологија во Скопје, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Општина Охрид и Стопанска комора на Северна Македонија денеска во Охрид беше отворена дводневната национална конференција „Културното наследство и туризмот: меѓународни стандарди и локален развој“.

На собирот ќе бидат разгледувани важни аспекти на поврзаноста на културното наследство и туризмот, како навидум различни, но дијалектични поврзани сектори. Во тој контекст, како што е посочено од собирот, најважните меѓународни организации и институции како УНЕСКО, ИКОМОС, ИУЦН, Центарот за светско наследство, Советот на Европа, Светската туристичка организација, ОЕЦД, имаат посебни оддели и издаваат официјални документи што се фокусираат на развивање на врските и потенцијалите на културниот туризам.

Се очекува на националната конференција на која учество ќе земат триесеттина професори и експерти од повеќе универзитети од државава и странство, како и претставници од локалната самоуправа и бизнис-секторот, да бидат усвоени заклучоци што ќе трасираат насоки за идниот развој и поврзување на културното наследство и туризмот преку нови и иновативни решенија, што ќе најдат примена кај сите чинители на локалниот развој, односно бизнисот, јавните институции и невладиниот сектор. аб/лв/

фото/ФТУ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан