• петок, 03 мај 2024

Николоски од Струмица: Албанската опозиција да се обедини со нас и да формираме влада

Николоски од Струмица: Албанската опозиција да се обедини со нас и да формираме влада

Струмица, 25 април 2024 (МИА) - Влада предводена од ВМРО - ДПМНЕ, а бидејќи во Македонија е непишано правило да има партнер од албанскиот политички кампус, односно на сега така наречена албанска опозиција или ВЛЕН, да се обедини заедно со нас и да формираме влада која радикално ќе расчисти со сето она што во моментот е владеење во Македонија, од СДСМ и особено од ДУИ, бидејќи во моментот ДУИ владее со Македонија и тие се вистинските газди на Македонија и на тоа ќе ставиме точка, рече носителот на изборната листа на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање по синоќешната честитка на Таравари до Мицкоски и коалицирањето по изборите за формирање влада.

На прашање за прогноза за исходот од парламентарните избори во изборната единица четири, Николоски рече дека е неблагодарарно да се прави таква пресметка, имајќи предвид дека се работи за различен тип избори.

-Јас можам да ви кажам, за прв пат, што очекувам како резултат во четвртата изборна единица. Мислам дека ВМРО - ДПМНЕ ќе освои меѓу 12 и 13 пратеници и тоа е резултатот на кој ние целиме, одговори Николоски.

Тој се заблагодари за поддршката што вчера ја доби кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, посебно во струмичко и, како што рече, е среќен што како носител на листата во четвртата изборна единица е постигната резултат кој за ВМРО - ДПМНЕ е голема обврска.

-Очекувам на 8 мај да имаме убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО - ДПМНЕ, коишто ќе овозможат стабилна влада која нема да биде уценувана од никого и којшто ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ и ДУИ, додаде Николоски.

Изјава даде и кандидатот за пратеник, Антонијо Милошоски, кој побара одзивот на избирачите да биде поголем во вториот круг на претседателските избори на 8 мај. Тој додаде дека бројот на македонски државјани кои се незадоволни од политиката на ДУИ и СДСМ е се поголем и граѓаните имаат силна политичка волја за промена на власта.рт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан