Џамал Мусиала потпиша со Баерн Минхен до 2030 година
- Играчот од средниот ред Џамал Мусиала (21) го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2030 година, соопштија од клубот.
![Џамал Мусиала потпиша со Баерн Минхен до 2030 година](https://mia.mk/images/20250214140604_big_730x400_27.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред Џамал Мусиала (21) го продолжи договорот со Баерн Минхен до 30 јуни 2030 година, соопштија од клубот.
Германскиот репрезентативец им се приклучи на Баварците од академијата на Челси во летото 2019 година. Тој најпрво помина извесно време во кампусот на ФК Баерн, од каде што се искачи во првиот тим и брзо се етаблира на највисоко ниво.
-Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Овде ги направив моите први чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со овој клуб во наредните години. Се чувствувам како дома и во Минхен и во клубот со нашите големи навивачи. Имаме многу работи што сакаме да ги постигнеме. Возбуден сум за се што претстои, кажа Мусиала пред официјалниот сајт на Баварците.
Мусиала има 193 настапи за Баерн со 58 гола и 38 асистенции. дс
Фото: Х/Баерн Минхен