• недела, 19 мај 2024

Холандскиот крал Вилем-Александар: Ќе и помагаме на Украина колку што е потребно

Холандскиот крал Вилем-Александар: Ќе и помагаме на Украина колку што е потребно

Хаг, 2 април 2024 (МИА) - Холандскиот крал Вилем-Александар денеска му изрази поддршка на народот на Украина. Во видео-обраќањето на отворањето на конференцијата „Враќање на правдата за Украина“ во Хаг, кралот рече дека Холандија ќе стои покрај Украина се додека е потребно, објавија холандските медиуми.

Фокусот на конференцијата е правдата во контекст на војната во Украина.

-Руската војна во Украина е срамота. Тоа е напад на сè што ни е драго. Со вашето присуство на оваа конференција, вие испраќате порака на надеж до народот на Украина, им порача монархот на учесниците на форумот.

Во својот говор, Вилем-Александар рече дека е неприфатливо сторителите на меѓународни злосторства да ја избегнат казната. Според него, одговорните за злосторствата против Украина и нејзиниот народ мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

-Ќе и помагаме на Украина се додека е потребно. Нашата цел е да ја вратиме правдата. Нашата цел е да донесеме мир во Украина. Заедно сме силни, изјави Вилем-Александар. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан