Членот на израелскиот воен кабинет Ганц изјави дека ќе се повлече од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план
- Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц се закани дека ќе ја напушти Владата доколку до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план.

Ерусалим, 18 мај 2024 (МИА) - Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц се закани дека ќе ја напушти Владата доколку до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план.
На прес-конференција, Ганц рече дека бара воениот кабинет да подготви нов план до 8 јуни. Тој предупреди дека доколку дотогаш не се исполнат неговите очекувања, ќе ја повлече својата центристичка партија од Владата.
„Ако го изберете патот на фанатиците и ја одведете целата нација во пропаст, ќе бидеме принудени да излеземе од Владата“, рече Ганц. рп/
Фото: МИА архива