• петок, 10 мај 2024

УНРВА: Ова е најголемото раселување на Палестинците од 1948 година

УНРВА: Ова е најголемото раселување на Палестинците од 1948 година

Њујорк, 15 јануари 2024 (МИА) - Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) денеска соопшти дека војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, доведе до најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година.

„Ова е најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година. Цела генерација на деца е трауматизирана, илјадници се убиени, осакатени и останаа сираци“, се вели во објавата на UNRWA на социјалната мрежа X.

Во 1948 година, „накба“, позната и како „палестинска катастрофа“, се случи кога израелските трупи го окупираа Западниот Брег и Појасот Газа, проследено со прогон и раселување на Палестинците низ Блискиот Исток. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан