• петок, 15 ноември 2024

Шпанска екстремно левичарска партија повикува на бојкот на Израел на Евровизија, Франција и Германија се против каков било бојкот

Шпанска екстремно левичарска партија повикува на бојкот на Израел на Евровизија, Франција и Германија се против каков било бојкот

Мадрид, 10 мај 2024 (МИА)  - Екстремно левичарската партија Сумар, членка на шпанската коалициска влада, денеска покрена петиција со која бара Израел да биде исклучен од финалето на Евровизија в сабота поради војната во Газа.

„Потпиши СЕГА да го избркаш Израел од Евровизија, не дозволувај да настапи во саботното финале! Прочитајте ја онлајн петицијата која до пладне собра 7.000 потписи.

На чело со министерката за труд Јоланда Дијаз, број три во владата, од Сумар нагласија дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) изгубила „значаен дел од редовната публика на шоуто“ затоа што дозволила Израел да учествува додека „неговата армија го истребува палестинскиот народ и ја уништува неговата земја.
Француски министер попладнево ги осуди повиците за бојкот против учеството на Израел на Евровизија, апелираше политиката да се држи понастрана од тоа натпреварување.

„Политиката нема место на Евровизија“, изјави министерот за европски прашања Жан Ноел Баро за весникот „Либерасион“.

Притисокот да се бојкотира  Израел е „неприфатлив“, рече тој.

Израелскиот пејач Еден Голан (20) вчера се квалификуваше за големото финале на Евровизија овој викенд со „Ураган“, песна која е изменета од нејзината оригинална верзија која алудираше на нападот на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Германија денеска соопшти дека повиците за бојкот на израелскиот тим на Евровизија се „неприфатливи“, откако демонстранти во земјата домаќин Шведска протестираа против израелското учество поради војната во Газа.

Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Малме за да го изразат противењето на Израел да учествува.

Германската министерка за култура Клаудија Рот рече дека „повиците за бојкот на учеството на израелските уметници на културните настани таму, како и секаде во Европа и Германија, се апсолутно неприфатливи“.

„Особено во овие времиња, ни треба поголема културна соработка меѓу Европа и Израел“, додаде таа на X, поранешен Твитер.

„Евровизиските ѕвезди особено од Израел се залагаа -- и сè уште се залагаат за -- отворено и разновидно општество. Антисемитизмот, омразата и насилството немаат место на овој важен музички настан“.зш/

Остани поврзан