Трамп: Сакам Путин да постигне договор за Украина, нема царини за руската нафта
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор за ставање крај на војната во Украина.

Вашингтон, 1 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака рускиот претседател Владимир Путин да постигне договор за ставање крај на војната во Украина.
Тој исто така нагласи дека нема желба да воведе секундарни царини, кои претходно се закануваше дека ќе ги воведе на купувачите на руската нафта.
Трамп рече дека има комуникација со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и дека американската администрација најверојатно „ќе направи нешто“ во однос на ангажманот со Пјонгјанг.
Американскиот претседател истакна дека постои можност веќе следниот месец да ја посети Саудиска Арабија, а патувањето ќе опфати и посети на други земји, како Катар и потенцијално Обединетите Арапски Емирати.
-Може да биде следниот месец, можеби малку подоцна, им рече Трамп на новинарите. мс/
фото: ЕПА