• сабота, 20 декември 2025

Куса средба Мицотакис – Ердоган на маргините на НАТО Самитот во Хаг

Куса средба Мицотакис – Ердоган на маргините на НАТО Самитот во Хаг

Атина, 25 јуни 2025 (МИА) – Ги покренавме прашањата што требаше да се покренат и сме во исчекување да најдеме датум што ќе им одговара на двете земји за одржување на Високиот советот за соработка, па ќе имаме можност јавно да кажеме многу повеќе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата по НАТО Самитот во Хаг осврнувајќи се на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека имал можност да оствари „кус разговор со претседателот Ердоган, како што обично се случува на овие самити“ и посочи дека кога ќе се дефинира одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу двете земји ќе може да каже повеќе.

Посочи дека во овој момент важни се големите предизвици со кои се соочува поширокиот регион, се осврна на ситуацијата на Блискиот Исток, а на Самитот говорел и за Либија, „за фактот дека безбедносните предизвици во поширокиот регион се поврзани и со инструментализација на мигрантските бранови“.

На новинарско прашање за Либија и нелегалната миграција со зголемите бранови на грчкиот остров Крит, нагласи дека тоа не е нешто што едноставно ги загрижува, туку и веќе преземаат „многу конкретни мерки“, рече дека ова е покренато и во ЕУ, а минатата седмица ја контактирал и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

- Сакаме да соработуваме со либиските власти за да можеме не само да ги ограничиме, туку и да ги елиминираме, доколку е можно, овие бранови. Но, секако, сакам да бидам многу јасен, Грција ќе ги искористи средствата што ги има на располагање за да може да им го отежне животот на криумчарите кои сакаат прогонувани луѓе да пренесуваат на Крит. Затоа и испраќаме бродови од нашата воена морнарица во делот до либиските територијални води, порача Мицотакис. ср/рп/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан