• петок, 05 декември 2025

Израелското разузнавање ќе продолжи да работи во Иран, вели шефот на Мосад

Израелското разузнавање ќе продолжи да работи во Иран, вели шефот на Мосад

Ерусалим, 25 јуни 2025 (МИА) - Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад ќе продолжи да дејствува во Иран и по војната, изјави нејзиниот шеф Дејвид Барнеа, цитиран од ДПА.

Тој им се обрати на агентите во ретка видео изјава. „Ќе бидеме таму, како што бевме таму и претходно“, рече Барнеа, осврнувајќи се на операциите на иранска територија.

„Би сакал да ви кажам дека сè е завршено, но не смееме да заборавиме дека сè уште има 50 заложници во Појасот Газа - 30 мртви тела и 20 киднапирани живи - и наша морална должност е да ги вратиме“, нагласи Барнеа.

За време на конфликтот, иранските власти извршија серија апсења, притворајќи бројни лица обвинети за шпионажа за Мосад, потсетува ДПА. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан