Хуманитарна фондација за Појасот Газа: Дистрибуирани 33.600 пакети со храна на три локации
- Хуманитарната фондација за Појасот Газа соопшти дека денеска дистрибуирала 33.600 пакети со храна на три локации во Газа.
Газа, 25 јуни 2025 (МИА) - Хуманитарната фондација за Појасот Газа соопшти дека денеска дистрибуирала 33.600 пакети со храна на три локации во Газа.
Фондацијата, чија работа е поддржана од Израел и Соединетите Американски Држави, соопшти дека денеска и вчера отворила три места за дистрибуција на храна - два во јужниот дел на Појасот Газа и еден во централниот дел од палестинската енклава, објави „Тајмс оф Израел“.
Од Фондацијата посочија дека пакетот со храна содржи доволно храна за пет лица за 3,5 дена. рп/
Фото: МИА архива