• петок, 17 мај 2024

Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

Трамп: Бајден е на страната на терористите, светот го води кон Трета светска војна

Вашингтон, 9 мај 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател и се поизвесен претседателски кандидата на републиканците за изборите во ноември, Доналд Трамп, го критикуваше актуелниот претседател Џозеф Бајден со условувањето на испораката на оружје и поддршката на Израел со воздржување од „целосна инвазија“ на Рафа.

Трамп го обвини Бајден дека е на страната на палестинскиот екстремистички Хамас, објавија денеска израелските медиуми.

Трамп на социјалните мрежи напиша дека „Криминалецот Џо е на страната на терористите“, алудирајќи на Хамас и изјави дека Бајден „застанува на страната на радикалните толпи кои ги зазедоа кампусите, бидејќи неговите донатори ги финансираат“.

„Бајден е слаб, корумпиран и го води светот директно во Третата светска војна“, рече поранешниот американски лидер, повторувајќи дека војната меѓу Израел и Хамас немаше да започне доколку тој беше претседател.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека неговата земја нема да го снабдува Израел со офанзивно оружје што би можело да се искористи за да се изврши „целосен напад“ врз Рафа, последното упориште на Хамас во Газа, поради загриженост за животите на повеќе од милион цивили кои се засолнија таму.

Бајден во интервјуто кажа дека САД остануваат посветени на одбраната на Израел, на кој ќе му испратат ракети-пресретнувачи за „Железната купола“ и друго одбранбено оружје, но ако Израел „оди“ во Рафа, Вашингтон нема да го снабдува со офанзивно оружје.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан