• среда, 01 мај 2024

Судии и советници од Уставниот суд на Северна Македонија на дводневна тематска работилница во Охрид

Судии и советници од Уставниот суд на Северна Македонија на дводневна тематска работилница во Охрид

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Судии и советници од Уставниот суд на Република Северна Македонија во Охрид учествуваат на дводневна тематска работилница на која се споделуваат искуства и примери од Европската конвенција за човекови права, како и сопственичките права за европските човекови стандарди. 

Оваа работилница, соопштија денеска од Уставниот суд, се организира преку Уставниот суд на Република Косово, во рамки на проектот „Поддршка на Уставниот суд на Косово во примената и ширењето на европските стандарди за човекови права“.

Целта на овој проект е да се поддржат напорите на Уставниот суд за обезбедување заштита на индивидуалните човекови права и основните слободи на носителите на правата. 

- Во оваа насока е и усогласувањето на домашните  пресуди со европските стандарди за човекови права,  во врска со индивидуалните жалби, дополнително да се подигне свеста на правните професионалци за улогата и функцијата на Уставниот суд и да се зголеми влијанието на судската пракса на Уставниот суд врз домашниот правен поредок, се наведува во соопштението.

Како предавачи на оваа работилница, организирана од страна на Советот на Европа, се ангажирани експертите од оваа област:Мирјана Лазарова Трајковска, Бурак Гемалаз и Ана Вилфан Восперник. 

Во работилницата учествуваат: судија м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и судија д-р Осман Кадриу, како и советниците на судот д-р Сања Гелевска Трајчевски, Енсар Јусуфи и Мартин Трајановски. цр/

 

Фото: Уставен суд на Република Северна Македонија

 

 

Остани поврзан