• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

2 мај 2024

Кавадарци - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, ќе имаат работни средби со раководствата на одделенијата за внатрешни работи во Неготино и Кавадарци. (Изјави за медиуми пред објектот на ОВР Кавадарци/ 12:00)

Женева - Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија. 

Скопје – Фондацијата Ромите за демократија организира марш против корупцијата и насилството. (Пред Државната изборна комисија до Министерството за внатрешни работи/12:00)

Тирана – Свечено доделување на титулата - почесен граѓанин на Тирана на претседателот на ДУИ Али Ахмети. (12:00)

Скопје/ Битола/ Струмица/ Штип –  Крводарителска акција на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во рамки на одбележувањето на 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. (8:00-14:00)

- Изјави за медиумите од претседателот на ССНМ Павле Беловски, извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски и секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска. (Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на Град Скопје (Даре Џамбаз) /11:00)

 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024

Скопје – Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе оствари средба со претставници на раководството на Стопанската комора на северозападна  Македонија, предводени од претседателот на Комората, Менди Ќура. (простории на СКСЗМ, ул. „Димитрија Чуповски“ 13, кат 1/ 12:00, по средбата предвидени се изјави за медиумите во 13:00)

Дебар/ Маврово-Ростуше/ Гостивар/ Тетово – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дебар (15:30), во Маврово-Ростуше (17:00), во Гостивар (18:30) и во Тетово (20:30)

Скопје – Прес-конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на која ќе се обрати Павле Арсоски, потпретседател на движењето и носител на листа во ИЕ 3. (Седиште на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, ул. „Климент Охридски“ бр. 66/ 13:00)

Скопје – Прес-конференција на Европскиот фронт. (Седиште на Европскиот фронт на плоштад „Скендербег“/ 11:00)

Ресен – Љубе Петревски, носител на листата на Работничката партија во ИЕ 5,  ќе ја претстави својата изборна програма. (Плоштад во Ресен/ 13:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан