• сабота, 18 мај 2024

Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година

Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) -  Министерството за надворешни работи на Романија почна програма за стипендирање странски државјани за академската 2024/2025 година.

Како што објави Министерството за образование и наука, стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани од земјите кои не се членки на Европската Унија и се за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.

Потребните информации за стипендиите се достапни за заинтересираните кандидати на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: www.mae.ro/en/node/10251

-Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 16 март 2024 година, на веб-страницата  https://scholarships.studyinromania.gov.ro, наведува МОН. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан