• понеделник, 15 јули 2024

Состојба на патиштатa

Состојба на патиштатa

15 јули 2024 

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 09.07.2024 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

–      петок од 17:00 – 22:00 часот, 

–      сабота од 09:00 до 18:00 часот и

–      недела од 09:00 до 22:00 часот.

 

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

 

–      петок од 15:00 – 22:00 часот,

–      сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

 

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

АМСМ  Информативен центар 

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива 
 
 

 

 

Остани поврзан