• вторник, 16 јули 2024

Започнаа градежните активности околу Спомен костурницата од НОВ во Велес

Започнаа градежните активности околу Спомен костурницата од НОВ во Велес

Велес,15 јули 2024 (МИА) - Денеска започнаа градежни зафати за уредување на партер просторот околу Спомен костурницата од НОВ во Велес, и механизацијата засилено ги изведува  подготовите за нејзино уредување, информира градоначалникот Марко Колев.

Тој потенцира дека по завршувањето на реконструкцијата овој дел од левата страна на градот кој со години беше запоставен, наскоро ќе добие целосно нов лик на современо уредено катче за одмор и релаксација на велешани, а посебно на децата и младите.

Спомен костурницата од НОВ каде меѓу коските на стотината борци од Велес и велешко почива и поетот и револуционер Коста Солев Рацин, од 13 јуни годинава денот на неговото загунување, секоја вечер е осветлена во црвено, што ја симболизира неговата пролеана  крв. По долги години повторно има светла и на скалилата што водат нагоре до Спомен костурницата.ад/са/

Фото: Општина Велес

 

Остани поврзан