• вторник, 16 јули 2024

Реактивиран пожарот околу градската депонија острец во Делчево

Реактивиран пожарот околу градската депонија острец во Делчево

Делчево, 15 јули 2024 (МИА) - Вечерва повторно e реактивиран огнот на депонијата Острец во Делчево. Дојавата за повторното запалување на депонијата е од жители на селото Полето, кои доцна попладне пријавиле дека огнот се движи во правец на дел од куќите во населбата.

Екипи на ТППЕ Делчево заедно со вработени на ЈКП ,,Брегалница" се на терен каде веќе ја започнаа акцијата за гаснење на пожарот.

Оттаму подетални информации за ситуацијата на терен најавија во текот на вечерта. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан