• вторник, 16 јули 2024

Темелко: Почна обединувањето на Македонците во Албанија, прогласат на друштвото „Преспа" го потпиша МД „Илинден"

Темелко: Почна обединувањето на Македонците во Албанија, прогласат на друштвото „Преспа

Дебар, 15 јули 2024 (МИА) - Претседателот на друштвото „Преспа" Едмонд Темелко информираше дека почнало „обединувањето на Македонците во Албанија".

- Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на  македонското друштво „Илинден" - Тирана. Ова е прв, но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе кога се знае дека друштвото „Илинден" дава голем придонес во заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции, рече за МИА, Едмонд Темелко, прв човек на друштвото „Преспа“.

МД „Илинден" е едно од четирите македонски друштва во Албанија.

Според Темелко,  Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот „Илинден", на друштвото „Преспа" му донирал примероци од изданијата на весникот.

Потсетува дека прогласат го упатиле „соочени со агресијата на бугарскaтa асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“.

- Да повторам дека со прогласот повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на идентитетот на македонскиот народ – името, јазикот, културата, историјата и територијата, затоа што обединети и единствени сме посилни од сечија агресија и обиди за денационализација и асимилација, вели Темелко.

Посочува дека меѓу другото се бара одржување вонреден изборен конгрес на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ,  за сите органи на сите нивоа, заради кадровска консолидација и единство.

Исто така, се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија“. вт/

Фото: „Преспа“

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан