• сабота, 10 октомври 2026

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

9 септември 2026

Скопје - Конференција на тема „Регионална соработка за интеграција во ЕУ“.  (сала „Борис Трајковски“/9:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/11:00)

Штип - Премиерот  Христијан Мицкоски ќе ја посети компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип, каде ќе има обраќање (https://maps.app.goo.gl/RETbrBVTcmxcJbQc9?g_st=aw/11:00) и ќе присуствува на пуштањето во употреба на спортската сала „Џексон“ во Штип, каде ќе даде изјава за медиумите (12:30)

Охрид - Почнува Регионалната конференција Охрид 2026, форум на високо ниво посветен на фискалната отпорност, буџетските приоритети, даночните приходи и борбата против неформалната економија во Западен Балкан, која ќе трае до 11 септември, во организација на Balkan Economic Forum (BEF), под покровителство на Министерството за финансии и со поддршка од Japan Tobacco International (JTI). (хотел Инекс Олгица/19:00)

Скопје - Промоција на каталогот со Брајово писмо „Документи што зборуваат на допир“, во организација на Државниот архив на Македонија, во соработка со Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје, на која свое обраќање ќе има министерката за образование и наука Весна Јаневска. (НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје/11:00)

Скопје - Прес-конференција на советничката на Алијансата за Албанците во Општина Гази Баба, Макфире Исени. (пред Основното училиште „22 Ноември“ во Хасанбег/10:00)

Отешево -  Почнува петтото издание на Зрно фестивалот за алтернативна фотографија, кој ќе трае до 15 септември. 

Скопје -  Отворање на изложбата „Француски траги – Лична историја на гледањето“ на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ во организација на Францускиот институт во Скопје. (во излогот на Францускиот институт во Скопје/од 17:00 до 18:00)

Скопје - Концерт „Резонантна Земја: Ритуален колектив — Скопје II“ на Јордан Костов. (Сули Ан)

Белград - Отворање на изложбата „БРУТАЛИСТ“, заеднички проект на македонските автори Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX. (Галерија 73/19:00)

___________________________________________________________________

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

 

Можно е и ова да ти се допаѓа