• понеделник, 30 декември 2024

Дежурни екипи ќе го контролираат огнот на депонијата Острец кај Делчево и во текот на ноќта

Дежурни екипи ќе го контролираат огнот на депонијата Острец кај Делчево и во текот на ноќта

Делчево, 15 јули 2024 (МИА) - Дежурни екипи составени од Територијалната противпожарна единица Делчево, Јавното комунално претпријатие „Брегалница" и Национални Шуми ќе вршат контрола на опожарениот терен кај депонијата Острец. 

Огнената стихија, како што информираат од терен, во моментот е стивната, но поради отежнатите ноќни услови и ветрот екипите ќе останат да дежураат во текот на ноќта.

Оттаму апелираат до населението од блиските куќи да не создаваат паника, бидејќи е отстранета опасноста од проширување на пожарот на нивниот имот. 

Причината за повторното реактивирање, според ТППЕ Делчево, е ветрот кој засилено дуваше во текот на денот. вс/ев/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан