• вторник, 16 јули 2024

Кавадарци објави конкурс за доделување на општинската награда „7 Септември"

Кавадарци објави конкурс за доделување на општинската награда „7 Септември

Кавадарци, 15 јули 2024 (МИА) - Локалната самоуправа Кавадарци денеска објави конкурс за доделување на награда „7 Септември“ за 2024 година, а по повод денот на ослободувањето на градот. 

- Наградата „7 Септември" на градот Кавадарци се доделува на физички и правни лица, како знак на општествено признание за остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената зашита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претсавуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација кај нас и во светот, се наведува во конкурсот. 

На ученици и на студенти, наградата се доделува на творечки труд или континуирани постигнувања во наставните и успешни воннаставни активности, што преставуваа посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.

Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета. свд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан