• понеделник, 18 ноември 2024

МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот

МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари.

- Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број - 072/899001, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

Како што се додава во соопштението, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот, за време на отворениот ден - секоја среда од 13:30 до 16 часот. бд/нд/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан