• петок, 05 јули 2024

Симонс би можел да дебитира за Бруклин следната недела

Симонс би можел да дебитира за Бруклин следната недела
Њујорк, 19 април 2022 (МИА) – Засилувањето на Бруклин, Бен Симонс, би можел да игра за Нетс веќе следната недела. Така, дебито на 25-годишниот Австралиец може да с еслучи во четвртиот натпревар од првото коло на плејофот на НБА против Бостон. - Третиот натпревар од серијата ќе се одигра во петок, четвртиот во понеделник. Во овој момент, можеме да почнеме да го гледаме во однос на можното деби. Целта на Симонс е да се врати во акција некаде помеѓу четвртиот и шестиот натпревар. Да видиме како ќе се развива самата серија, каков ќе биде резултатот. Нетс се уверени дека Бен Симонс ќе биде подготвен за деби следниот понеделник, објави „Fadeaway World“. На крајот на март, на Симонс му беше дијагностицирана хернија на диск во рбетот. Бостон го совлада Бруклин со 115:114 во првиот натпревар од осминафиналето на НБА. Симонс се пресели во Бруклин во февруари 2022 година како резултат на трејд со Филаделфија. Во сезоната НБА-2021/22, кошаркарот не учествуваше на ниту еден натпревар. зс/

Остани поврзан